Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска, пренесува порталот А1он. Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење.
Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.
– Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци, објаснува Торбен Витендорф од данската полиција.
Според данските медиуми, роднините на девојката се веќе известени. Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.