Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за користење мобилен телефон за време на возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.