На 8 февруари во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.