Cеверна Кореја индиректно се закани дека повторно ќе почне да тестира нуклеарни бомби и интерконтинентални проектили

Севернокорејскиот државен медиум KCNA денеска јави дека Политбирото на Работничката партија на земјата, одржало состанок од кој произлезе наредба за повторно разгледување на мерките за градење доверба преземени од Пјонгјанг, како и разгледување на продолжување на сите привремено суспендирани активности.

Експертите на ова гледаат како алузија на сопствената забрана за тестирање ракети со долг дострел и нуклеарно оружје на Cеверна Кореја од 2018 година.

Лидерот Ким Џонг ун го водел состанокоит на кој официјалните лица, наводно, разговарале за тоа како во иднина да бидат насочени мерките против САД.

Корејците ја обвинуваат американската администрација за пристапување до „опасната линија“.

Затоа, задачата на националната одбрана треба да биде зајакнување на „физичките средства што можат ефикасно да ги контролираат непријателските потези на САД – објави севернокорејската агенција.

Меѓу западните држави веќе подолго време има стравови дека Пјонгјанг може да продолжи со нуклеарните тестирања.

Со оглед на тоа што напредокот во преговорите меѓу САД и Cеверна Кореја за нејзината нуклеарна програма се во застој Ким кон крајот на 2019 година веќе навести дека Пјонгјанг повеќе не се смета обврзан со мораториумот за тестирања.

Американското Министерство за финансии неодамна усвои нови санкции против Cеверна Кореја, кои вклучуваат додавање на петмина државјани на списокот со санкции. Тие се обвинети за набавка на стоки за нивната земја за програмите за проектили и оружје за масовно уништување.

Овој чекор на САД дојде како одговор на шесте тестирања на балистички ракети со краток дострел, извршени од Cеверна Кореја во септември. Такви тестови на Cеверна Кореја се забранети со резолуции на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.