Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Република Македонија и кревање на блокадата од официјална Софија за европскиот пат на нашата земја.
Борисов најави дека прашањето за РС Македонија го разгледувала Извршната комисија на ГЕРБ.
„На темата Македонија, навистина им посакувам успех на колегите во Софија да ја финализираат, за да можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и да биде успешно како што заслужува“, рекол тој на утринската прес-конференција на партијата, јавуваат бугарските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.