Актери на НУ Народен театар-Битола отпатуваа во Бугарија каде утревечер ќе настапат на Балкански театарски фестивал во Благоевград.
Од секторот за односи со јавност на битолскиот театар информираат дека на Фестивал во Благоевград ќе биде изведена претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ.
Домаќини и организатори на фестивалот се Драмски театар „Никола Вапцаров“, Општина Благоевград и Министерството за култура на Бугарија. Фестивалската програма вклучува 8 претсави од Бугарија, Косово и Македонија, посочуваат од НУ Народен театар-Битола.
Во дуодрамата ,,Кислород“ утревечер пред фестивалската публика во Благоевград, ќе настапат Викторија Степановска-Јанкуловска и Никола Стефанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.