Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој е во посета на Македонија рече дека тука прв пат пробал сладолед и полнети пиперки и ја слушнал детската песна „Ринге ринге јаја“.

Но, тој ова го кажува секаде каде што оди во земјите од поранешна Југославија и ја повторува истата приказна.

Се сеќавам дека го јадевме првиот сладолед на Калемегдан и живеевме во улицата „Коста Рацин“. Се сеќавам и дека пеевме една детска песна: „Ринге ринге раја, дошо чика паја“-рече Столтенберг во Белград.

Истото го кажал и за време на посетата на Босна и Херцеговина.

Јенс во Белград израснал на Дедиње, а за него се грижела дадилката Смиља Катиќ од Суботица.

Столтенберг е оженет со дипломат по име Ингрид Шулеруд, со која го има синот Аксел  кој има 33 години и   учи кинески во Шангај, и ќерката Ана Катарина  која има 31 година (1992). Неговата помлада сестра Нини почина во 2014 година,  од зависноста од хероин.

Роден е во 1959 година, а живеел во Белград од 1961 до 1964 година додека неговиот татко бил амбасадор во Југославија. Сака спортски живот, често вози велосипед, а во зима се занимава со нордиско скијање. Беше дури и на Антарктикот.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.