Дарко Младиќ, синот на генералот Ратко Младиќ, денеска изјави дека состојбата на неговиот татко се влошила и дека е многу болен.
– За жал, немам добри информации. Состојбата на генералот брзо се влошила. Тој не може ни да оди долго време. Може да оди 20, 30 метри додека не се измори. Не може да си подготви храна, му помагаат затворениците. Сега е во многу тешка ситуација – изјави Дарко Младиќ на ТВ Пинк.
Синот на генералот додал дека единственото добро е што успеал да го намали шеќерот.
– Сè друго му стана многу полошо-се пожали синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.