Седум телефони, два интернет рутери, алкохол, суплементи и импровизирани ками се запленети во затворот „Спуж“ каде се притворени претежно затвореници од кланот „Кавачки“ и „Шкаљарци“.

Според црногорскиот весник „Дан“, при претресот чуварите пронашле недозволени предмети.

–  Пронајдени се и одземени четири мобилни телефони, кои биле скриени на посебен начин, како и два рутери за поврзување на интернет. Против приведените кај кои се пронајдени одземени незаконски работи и предмети ќе се утврдуваат можни дисциплински одговорности, пренесува „Дан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.