За една седмица, во Грција се регистрирани 55.242 случаи на Ковид-19, од кои 21 отсто се реинфекции, а починаа 107 лица согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 10 до 16 октомври 2022 година, за осум отсто се зголемил бројот на заразени, а бројот на смртни случаи се намалил за пет проценти, додека пак биле направени 694.171 тестови, со стапка на позитивност 7,96 отсто, наспроти 7,31 проценти една седмица претходно.
Паралелно зголемен е бројот и на пациенти примени во грчките болници, вкупно 1.351 лице, што е за 23 проценти повеќе во однос на една седмица претходно.
Отпуштени биле 968 пациенти, а 74 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега, 12 повеќе од минатата седмица.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.081.981случаи на Ковид-19, а починаа 33.426 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.