Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера го пушти во сообраќај Моравскиот коридор. Должината на Моравскиот коридор е 110 километри и поврзува два автопати, автопатот Белград-Ниш и автопатот „Милош Велики“. За Македонија е значајно што и оваа делница ја градеше „Бектел и Енка“, но за двојно пониска цена за речиси истите километри.

Во Србија чини 750 милиони евра а во Македонија засега 1,3 милијарди евра. Па така  километар автопат во Србија од Бехтел и Енка чини седум  милиони евра а во Македонија 20 милиони евра.

Дека нема споредба меѓу она што допрва ќе се гради во Македонија покажува и тоа што  Моравскиот коридор е првиот автопат изграден со комплетна оптичка инфраструктура. Тоа  е првиот смарт автопат.

Што тоа значи

Возилата ќе читаат сообраќајни знаци и ќе успоруваат за да не можете да возите колку што сакате. Доколку се случи сообраќајна незгода, сите возила кои ќе наидат автоматски ќе успорат за да не се создаде метеж.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.