Населението во Македонија и Албанија има најнизок просечен коефициент на интелигенција (IQ) во Европа, покажуваат податоците на World Population Review.
Па така, просечниот IQ на населението во Македонија е 81.91, додека во Албанија е 81.75. Во однос на соседните земји, просечниот IQ во Бугарија е 90.99, во Србија 89.6, во Црна Гора 85.78, додека во Грција е 90.77.
На врвот во европски рамки се наоѓаат жителите на Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија.
Во меѓувреме, највисок просечен коефициент на интелигенција имаат граѓаните на Јапонија, односно 106.48, додека најнизок имаат граѓаните на Непал – 42.99.
Вкупниот резултат за секоја земја е пресметан од збирот на стандардизирани тестови или подтестови наменети за проценка на човечката интелигенција. При изработката на резултатите, во истражувањето се вклучени и подтестови за проценка на знаењето по математика и природни науки, како и читањето, а меѓу податоците кои се користат се и оние од меѓународното тестирање ПИСА.
Целосните податоци се достапни на следниов ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.