Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Приштина денеска и официјално го прекршила Вашингтонскиот договор со аплицирање за членство во Европската Унија, а одговорот од Белград ќе биде соопштен вечерва по седницата на владата.
„Денеска тие официјално го прекршуваат Вашингтонскиот договор, а на сето тоа ќе одговориме вечерва по седницата на владата на која бев поканет. Ќе добиете одговори и за нашето барање во врска со резолуцијата 1244 на ОН, како и повлекувањето на признавањето на Косово од многу земји“, одговори Вучиќ.
Вучиќ рече и дека барањето на Косово за членство во ЕУ го прекршува членот 49 од Договорот за ЕУ.
„Не знам по кои критериуми се гледа дали некој е држава или не. Дали една, па и најголемата членка на ЕУ, мисли така, дали сите мислат така или се базира на членство во ОН. Ние Научивме од сето тоа. Ќе мораме максимално да се бориме и да ги заштитиме нашите државни и национални интереси“, рече Вучиќ.
Владата на Србија на денешната седница треба да одлучи дали ќе испрати барање до КФОР за враќање на колу 1 000 припадници на нејзините безбедносни сили во Косово поради зголеменото присуство на косовската полиција на север. На седницата ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, а по неа, тој ќе говори во емисијата „Четврток во 21 часот“ која се емитува на српскиот радиодифузен сервис во 21 часот.
Во меѓувреме, граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ на северот на Косово шести ден по ред се блокирани од страна на косовските Срби кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, кој во моментов е во 30-дневен притвор.
Кризниот штаб во Косовска Митровица апелираше до граѓаните да истраат и да останат смирени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.