Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека постои можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, но дека не верува дека тоа ќе се случи.
Вучиќ на новинарите во Париз, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека разговарале за Косово, билатералните односи, европската перспектива на Србија, соработката на стопанските комори и дека му предал документи кои ги потврдуваат позициите на Србија, јави Бета.
– Зборував за желбата да се стабилизира ситуацијата, но и за фрустрацијата на нашиот народ затоа што нешто не е исполнето 10 години, рече Вучиќ.
Според него, разговарано било и за враќање на Србите во косовските институции.
Тој додаде дека очекува Макрон да го посети Белград следната година и оти верува дека можат „да потпишат големи работи во Белград кога тој ќе дојде
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.