Претседателот Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста, говорејќи за енергетската криза, најави дека Србија, меѓудругото, планира изградба и на нафтовод низ Севрна Македонија до пристаништето Драч, како и гасно поврзување со нашата држава, јави дописникот на МИА од Белград.

Образложувајќи ја актуелната енергетска криза во светот, Вучиќ кажа дека по последните настани околу санкциите на ЕУ кон Русија, со кои Хрватска се покажала како непоуздан партнер за нафтоводот Јанаф, кој е единствениот нафтовод со кој Србија се снабдува со нафта, Белград донел решение за почеток на изградба на нафтовод кон Унгарија, а во план е изградба и на нафтовод со „пријателите од Отврен Балкан“.

-Мораме да почнеме да ги диверзифицираме изворите на нафта. Србија ќе започне со изградба на нафтовод до Унгарија. Во согласност со договорот што јас и Виктор Орбан веќе го постигнавме, ќе започнеме со изградба на нафтовод Нови Сад – Унгарија, до Алџа, во должина од 128 километри.Нафтоводот може да чини и до 100 милиони евра, рече српскиот претседател.

Според него ќе бидат потребни меѓу 18 и 24 месеци за да се изгради нафтоводот до Унгарија.

-Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премережиме нашата земја со нафтовод. Ќе започнеме брзи разговари со нашите партнери од Отворениот Балкан и регионот рече Вучиќ.

Вучиќ говорејќи за гасното поврзување и диверзификацијата со изворите на гас, најави дека ќе се гради и гасно поврзување со Македонија, што, како што кажа, веќе е влезено во плановите на ЕУ за финансирање.

Како што кажа Вучиќ, Србија има резерви на нафта за 75 дена, на бензин 59 дена и полни капацитети на гасни резерви.

-Србија во овој период ќе се снабдува со нафта на различни начини, ќе купуваме ирачка нафта, која е за 20 отсто поскапа, а ќе ја носиме во нашата земја преку нафтоводот Јанаф.

Тој кажа и дека наредил се што произведуваат фабриките во Србија, 20 отсто мора да остане во Србија и за вооружените сили, како и дека ќе се вложат уште 12 милијарди во инфраструктурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.