Лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ и актуелен претседател на Србија ќе биде носител на сите изборни листи на СНС, Даница Груичиќ на парламентарните, а Александар Шапиќ на белградските избори, кои на сите ниво треба да се одржат на 3 април, јави дописникот на МИА од Белград.
Ова е одлучено на денешната седница на Претседателството и на Главниот одбор на СНС, на која, како што изјави Ана Брнабиќ едногласно е одлучено СНС на парламентарните избори да излезе со листата „Александар Вучиќ – заедно можеме се“, а прва на листата да биде докторката Даница Грујучиќ.
– Вучиќ е носител на сите листи, ова е мотото под кое одиме на избори, ова е пораката за која се залагаме сите, бидејќи се што направивме во Србија, направивме заедно со народот, можеме да се гордееме со резултатите и покажавме дека заедно можеме да сториме сè за Србија да стане победничка земја, изјави премиерката Ана Брнабиќ.
Таа кажа и дека д-р Грујичиќ е личност која е позната во Србија и која е најголемиот експерт во земјата и еден од најголемите експерти во Европа и светот.
СНС на денешната седница на Главниот одбор ја усвои и листата за претстојните парламентарни избори закажани за 3 април.
Станува збор за листата „Заедно можеме се“, а на неа ќе се најдат имиња на докажаниексперти од нивните области, истакнати луѓе од светот на бизнисот, науката и културата, меѓу другите и д-р Даница Грујичиќ, математичарот проф. Стојан Раденовиќ, молекуларниот биолог Јелена Беговиќ, актерот Лазар Ристовски, Жика Бујуклиќ, Борислава Периќ Ранковиќ, Јован Колунџија.
– Дури по 13, 14 место на листата доаѓаме ние од Српската напредна странка, меѓу кои ќе има многу нови и млади луѓе, истакна Брнабиќ оценувајќи дека тоа покажува дека СНС се бори за Србија, и дека изборите ќе бидат исклучително тешки.
Вучиќ во пресрет на седницата на претседателството и на главниот одбор на партијата посочи дека „чистки нема да има, туку ќе има промени“. об/ми/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.