Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска со нота упатена до амбасадата на Црна Гора во Загреб претходно ја извести официјална Подгорица дека Загреб ги прогласил претседателот на собранието на Црна Гора Мандиќ, пратеникот во парламентот Кнежевиќ и потпретседателот на владата на Црна Гора Бечиќ за непожелни во Република Хрватска.
Одлуката е донесена откако пратениците во црногорскиот парламент усвоија резолуција за геноцид во логорите Јасеновац, Дахау и Матхаузен.
„Како не им падна на памет дека со тоа што на овие луѓе им забранија влез паднаа во сопствената земја и покажаа дека нема никаква разлика во однос на (усташката) Независна Држава Хрватска и која било друга хрватска држава која постоела“, кажа Вучиќ, а пренесува Танјуг.
Вучиќ ја искоментира и изјавата на поранешниот хрватски европратеник Тонино Пицула дека Црна Гора ќе има проблеми на својот пат на евроинтеграции, и дека Мандиќ и Кнежевиќ, лидерот на црногорската Демократска народна партија, се активни во приближување кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин и таа на Вучиќ.
Српскиот претседател кажа дека не го разбира тоа што сите се обединиле во заштитата на НДХ и заштитата на усташките злосторства од Втората светска војна.
„Зошто не кажат – извршивме злосторство, геноцид над тие Срби и жал ни е. Ни на Пицула ни на другите ни најмалку не им е непријатно тоа што се повикуваат на правниот и политички континуитет на НДХ“, кажа Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.