Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека ќе има промени „во доктрината и пристапите“ за продолжување на дијалогот со Приштина, што, како што рече, значи дека повеќе нема да биде можно Белград да биде ставен пред свршен чин, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ рече дека Белград останува отворен за дијалог, но дека разговорите ќе ги води на „поинаков начин“.
–Кога некој ќе ве изневери еднаш, тоа им се случува на добрите луѓе затоа што му верувале на некого на нивниот збор или потпис. Кога ќе ве изневери по втор пат, можеби премногу сте верувале или сте сакале да верувате. Ако тоа продолжи, тоа не говори за личноста што те изневерила, туку дека вие сте будала. Толку будали повеќе не сме, им рече Вучиќ на новинарите во Белград по приемот организиран за основците од Косово.
Тој рече дека можно е во одреден момент Белград да мора да прифати нешто на сила, но тогаш ќе биде јасно дека тоа е направено без договор.
-Насила можете да спроведете сè, но ќе треба да кажете дека тоа го спроведувате со сила, рече Вучиќ.
По повод 20-годишнината од „мартовскиот погром“ против Србите на Косово, тој рече дека прогонот и насилството врз нив „со иста сила и жестокост“ продолжува и денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.