Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Нови Сад се обрати на насобраните луѓе и порача дека ќе бидат уапсени сите што  го прекршиле законот!

Откри дека прво отишол на железничката станица каде пред четири дена се случила страшна трагедија во која животот го загубиле 14 лица кога се урна старата настрешница.

Пренесе три пораки, од кои првата е дека сите одговорни за трагедијата во Нови Сад ќе одговараат и дека државата ќе им помогне на семејствата.

Втората порака е до оние кои мислат дека со насилство можат да ги менуваат нештата. Прво дека со насилство ништо нема да постигнете во модерна и пристојна Србија, а второ во рамки на истото нешто е што ве молам никогаш да не им одговараме онака како што тие мислат дека можат да се однесуваат и дека никогаш нема пристојна Србија да ја победат“, кажа Вучиќ и додаде дека со Нови Сад никогаш повеќе нема да управуваат оние кои го мразат српскиот народ.

Најави дека од утре почнува најголемата акција против нарко-дилерите и дека Нови Сад ќе биде исчистен од оние кои помислиле дека можат да управуваат со државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.