Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека дури и да се смири моменталната ситуација во Република Косово, нешто ново ќе се случи за 15 или 30 дена, бидејќи целта на Приштина е да ја избрка Србија од Косово за сите времиња, како и „непослушниот српски народ“. Тој по средбата со српскиот патријарх Порфириј рече дека затоа се случува криминализација на Србите.
„Со оглед на геополитичката ситуација, како и фактот дека сакаат да не скршат, и да нè скршат поради ситуацијата со Русија и Украина, не се сомневајте дека тоа ќе продолжи. Не сум сигурен дека ќе успееме да го надминеме, бидејќи ние разговараме со некој кој не сака да слуша никаков аргумент“, рече Вучиќ и и порача на Приштина да не апси луѓе само затоа што не ги сакаат.
Вучиќ денеска изјави дека вчерашната забрана за влез на Косово и Метохија на патријархот на СПЦ најдобро зборува за организаторите, нагласувајќи дека тоа е само делумно режимот во Приштина, а делумно и меѓународната заедница.
Вучиќ, по средбата со патријархот рече дека за време на синоќешниот разговор, но и на денешниот разговор, го информирал патријархот за целокупната ситуација од различни агли – политички, но и безбедносни.
„Вчерашната забрана за влез на Косово и Метохија од страна на приштинските власти на Патријархот на Српската црква и негово спречување да оди во нашето светилиште, ми се чини дека најдобро зборува за оние кои ја организираа, а тоа е само делумно режимот во Приштина, бидејќи доволно беше само да ги погледнеме најавите оние кои цел ден не уверуваа дека жестоко ќе реагираат“ – рече Вучиќ.
Вучиќ посочи дека на политичките претставници на Албанците во Приштина и на дел од меѓународната заедница им е потребно протерување на Србите од Косово, бидејќи само така гледаат решение на проблемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.