Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на средба со премиерот на Косово, Албин Курти.

По средбата што ја имаше со унгарскиот премиер Виктор Орбан, тој додаде дека нема да ја одржи средбата со шефот на косовската извршна власт додека, како што рече, „секој уапсен Србин не биде ослободен“ и новите претседатели и косовската полицијата се повлекува од север.

Разговарав со Виктор за се што се случува околу Косово, одев на разговори 11 години, учествував во сите разговори… Секогаш сакавме да постигнеме компромиси за одржување на мирот. Успеавме и напредувавме побрзо… Верувавме дека сето тоа е можно додека не дојде Курти на власт, кој никогаш не сакаше да зборува… Никогаш не сакаше да слуша…“

Нема да разговарам со Курти додека не биде ослободен секој уапсен Србин и додека нивните лидери не ги напуштат општините. Знаете, Курти има поважни работи во Ватикан, да побара признавање на независноста на Косово, додаде Вучиќ, пренесува Б92,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.