Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува во првата половина од јануари во Белград на дојдат меѓународни претставници кои ќе инсистираат на потребата Србија и Косово да постигнат договор за нормализација на односите.
„Очекувам да ми дојдат великани од светот и да ми кажат дека мора да постигнеме договор. Нè чека тешко време по прашањето на косово и метохија, но ќе се бориме“, изјави Вучиќ.
Тој денеска потенцираше дека пред да продолжи дијалогот со Приштина, потребно е меѓународната заедница да ги исполни гаранциите врз основа на кои Србите од северно Косово ги повлекоа барикадите кон граничните премини со Србија.
„Ситуацијата е многу поопасна и потешка отколку што мислите“, оцени Вучиќ, откако локалните Срби 20 дена ги блокираа премините на северот на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.