Српскиот претседател Вучиќ не отпатува на самитот на БРИКС во Русија, поради како што образложи, набиената агенда со средби со странски лидери во овој период.

Во интервју за РТС, тој соопшти дека Србија на самитот ќе ја претставува 4-члена владина делегација.

Најави дека тој ќе ја посети Москва на 9-мај по повод годишнината од победата над фашизмот..

-Јас бев многу искрен кон претседателот Путин и му реков, посетите беа закажани порано, но не криев и му реков, почитуван г-не претседател, и да ги немаше овие посети, ќе ми беше исклучително тешко да дојдам поради различните работи кои вие добро ги знаете.

Што е со евроинтеграциите? Се согласувате ли дека се заглавени?

Да го признаеме независно Косово и да ѝ воведеме санкции на Русија утре ќе станеме членка на ЕУ, веднаш, по итна постапка и ќе бидеме најдобра земја на светот, одговори српскиот претседател Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.