Има најава дека во Македонија ќе се отворат 20 бугарски културни клубови.
Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, гостуваше во емисија на Бугарската национална телевизија БНТ и говореше на оваа тема.
„За бугарските клубови во Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи“, изјави тој.
Врабевски зборуваше и за ,,Југословенски модел”, како што кажа најлошиот модел на светот. Според него, на луѓето им се испратни мозоците, а територијата е украдена од Бугарија.
Во Охрид имаше неколку напади на бугарскиот клуб. Кон него беше пукано и со огнено оружје. Бугарските власти реагираа до Македонија за нападите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.