Возачот на „мерцедес“, 23-годишниот Јан Ерлих, кој предизвика тешка сообраќајка на паркингот на трговскиот центар Супернова во Бузин, со лисици на рацете е донесен во Општинскиот кривичен суд во Загреб.
Таму тој требаше да даде исказ за настанот во просториите на Општинското државно обвинителство, а потоа истражен судија да одлучува за евентуален истражен притвор.
Од она што засега е познато,, како што пренесуваат хрватските медиуми, Ерлих на испрашувањето рекол дека не е во состојба да даде исказ.
„Жал ми е. Се чувствувам лошо за сè и не сум подготвен да изнесам одбрана“, рекол тој.
Во петокот спроти сабота, Ерлих дошол на неформален автомобилски собир на паркинот од трговскиот центар и со полна брзина покоси тројца пешаци и удри во друг автомобил во кој имаше две лица. Повредените се одведени во болница, а едно лице со тешки повреди на главата се бори за живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.