Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Чедовиќ денеска остварила средба со генералниот директор на ЈП „Србијагас“ Душан Бајатовиќ, на која разговарале за планираната гасна интерконекција со Македонија, како и за текот на изградбата на гасната интерконекција Србија – Бугарија.

Во соопштението на Министерството за рударство и енергетика на Србија се наведува дека на средбата се зборувало за наредните фази на проектот за гасната интерконекција меѓу Србија и Македонија.

Министерката Чедовиќ изјавила дека во претходниот период се преземени важни чекори со цел изградбата на гасната интерконекција со Бугарија да се одвива според планираната динамика.

Со оглед на тоа што интерконекцијата Србија-Бугарија е од стратешка важност за енергетската безбедност на нашата земја, бидејќи со нејзината изградба ќе го диверзифицираме снабдувањето со гас, важно е да се почитуваат дадените рамки и рокови, со цел зафатите да бидат завршени пред почетокот на следната грејна сезона, нагласи Чедовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.