Во последен момент е спасен капач од водите во Порто Кацики во западниот дел на Лефкада, откако спасувачите кон крајот на смената почнале да ги пакуваат своите работи, подготвени да си заминат дома, кога капачите ги пресретнале и пријавиле дека турист се дави во морето.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, тие го спасиле италијанскиот државјанин од големите бранови, кои се честа појава на познатата плажа.

Без ниту еден збор и двајцата се нурнаа и успеаја да го извлечат италијанскиот турист жив и здрав, известија сведоците кои со аплауз ги пречекаа спасувачите.

Инаку, оваа плажа има само по еден спасител по смена, но втор дојде поради претходно најавената плима.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.