Пожарот кој веќе шести ден гори во националниот парк „Дрина“ кај Сребреница во Република Српска се доближи до куќите во селото Лука, а пожарникарите се обидуваат да спречат пожарот да се прошири до најблиското село.
Во текот на денот во гаснењето на пожарот учествуваа хеликоптери од Здружението на хеликоптери на Република Српска и вооружените сили на Босна и Херцеговина, а најавено е и пристигнување на хеликоптер од Србија, јави РТРС.
Како што соопштија од општина Сребреница, и покрај тоа што Здружението на хеликоптери и Цивилната заштита на РС реагирале навреме на првиот ден од пожарот, некои области биле недостапни за хеликоптери, па огнот повторно се проширил во текот на ноќта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.