На 34-от фестивал на скарата „Роштилијада“ во Лесковац, Србија, е направена плескавица тешка 86,4 килограми месо на скара. Тоа е нов рекорд за најголема плескавица во светот, а последнава „закуска“ е шест килограми потешка од ланскиот рекорд, исто така поставен на овој настан.

Дијаметарот на плескавицата по печењето беше 210 сантиметри, а дебелината два сантиметри.

Мајстори за најголема плескавица беа Предраг Лазаревиќ, Ивица Здравковиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ, Стефан и Бојан Цветковиќ од лесковачките ресторани „Два пријатели“ и „Колиба“. Тие по осми пат поставуваат нов рекорд на скараџискиот фестивал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.