Во Хрватска повторно се зголемува бројот на заразени со коронавирус, а за само една седмица се регистрирани 42 смртни случаи од ковид-19, соопшти Хрватскиот институт за јавно здравје, но ваквите податоци повеќе не се објавуваат на веб-страницата на владата бидејќи неодамна беше исклучена.
Во последните три седмици бројот нови случаи на коронавирусната зараза се зголемува, но ситуацијата не е толку драматична како пред две години, изјави епидемиологот Бернард Каиќ.
Неколку подваријанти на омикронската сој на вирусот моментално циркулираат во Хрватска, слично како и во другите земји од Еверопската унијаја. Каиќ истакнува дека нема докази дека некоја од овие нови подваријанти е особено опасна.
Сепак, тие се многу заразни, па така од 5-ти до 11-ти декември во Хрватска се регистрирани 443 нови случаи на заболени, 481 заразено лице се во болница, а 12 од нив се на респиратори. Кај починатите во истиот наведен период преовладуваат постари лица на возраст од 70 и 80 години. Најмладиот кој им подлегнал на симптомите на ковид-19 е маж роден 1961 година, а починал во Општата болница во Пула.
Сево ова е причина уште еднаш да се апелира до постарите лица да се вакцинираат. Интересот за вакцинација сѐ уште не е голем, за една недела во цела Хрватска се вакцинирани 696 лица, меѓу нив само 42 лица се вакцинирани со првата доза. Досега се вакцинирани 71,39 отсто од возрасната популација, а Хрватска има достапни за употреба уште два милиона дози од вакцината против ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.