По  верижниот судар на два воза во Грција кај градот Лариса загинаа најмалку 38 лица.Министерот за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис по трагедијата си  поднесе оставка.На многумина ова презиме им звучи познато и се во право.

Костас Караманлис е внук на поранешниот грчки премиер кој го носи истото име и презиме како неговиот дедо.Костас помладиот ја продолжи семејната традиција на Костас постариот.

Караманлис сениор беше премиер на Грција од 2005 до 2009 кога јужниот сосед имаше најтврд став за спорот за името и кога имавме блокада за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ.

Костас јуниор доаѓа нормално од партијата Неа Демократија. Тој сметаше дека е морален чин да се повлече по несреќата и тоа грчката јавност го поздрави.

Ова треба да биде пример за министрите во Македонија. Кај нас за само неколку години се случија слични трагедии со автобусите на Дурмо“ и на „Беса транс“. Судењата за овие трагедии се до никаде а министрите не ни помислија на оставки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.