Атлантик Штарк (Atlantic Štark d.o.o) објави дека од српскиот пазар и од БиХ повлекува производи поради можност за присуство на туѓо тело, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е соопшти дистрибутерот на Atlantic Štark d.o.o, Atlantic Brands d.o.o, од пазарот се повлекуваат следните производи:

Бисквити какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок на употреба 08.05.2025 година.

Бисквити какао кокос, 220 гр, серија, 1207483492, со рок на употреба 08.05.2025 година.

Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482841, рок на употреба 11.05.2025 година.

Бисквити со прелив од какао 220гр, серија 1507482842, рок на употреба 11.05.2025 година.

При одлучувањето за отповикување, се водиме од високи стандарди за квалитет, како одговорна компанија која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, со цел одржување на високо ниво на доверба во безбедноста и квалитетот на нашите производи. Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле наведените производи да ги вратат на продажното место каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат замена на производот, се наведува во соопштението.

Вакво соопштение за повлекување на производот има и за во Босна и Херцеговина.

Ги информираме клиентите и потрошувачите дека за производите Cookies какао кокос, 220 g, серија 1207483491 (рок на употреба до 8.5.2025) и Cookies какао прелив 220 g, серија 1507482842 (рок на употреба до 11.5.2025 a), превентивно го повлекуваме производот поради можно присуство на туѓо тело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.