На 8. Конгрес на ВМРО – Бугарско национално движење, што вчера се одржа во Софија, донесена е декларација во која се наведува вели дека имаме заедничко историско и културно наследство со Република Македонија и оти тоа е патот на иднината, соопшти партијата.

Како што јави бугарската новинска агенција БТА, во документот наведени се 14 приоритети за кои гарант е ВМРО-БНД, а меѓу нив се безбедноста, образованието, здравството и пристапот до културата за сите Бугари; енергетска независност преку изградба на нови капацитети (вклучувајќи нуклеарни); функционална економија и правични правила за бизнисот; уставни измени кои гарантираат зголемени претседателски овластувања, мајоризација и директна консултација со народот; забрана за гласање за неписмени и непочитување на обврските кон државата; немешањето на невладините организации финансирани од странство во политичките, верските и образовните работи на нашата земја и друго.

Една од точките е целосно фокусирана на политиката на Бугарија кон Македонија. Според текстот, интеграцијата на РСМ оди преку признавање на историската вистина, бугарските корени на денешното население и заштитата на неговите права. ВМРО-БНД ги повикува владите и политичките организации во Бугарија и во РСМ да воспостават федерација меѓу двете земји врз основа на нашето заедничко културно и историско наследство и нашите заеднички геополитички интереси.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

2022-02-13 18:49:20, од МИА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.