Владата на Србија одобри квота за извоз на 24.000 тони пелети до крајот на јануари 2023 година на предлог на членките на Стопанската комора на Србија (ПКС), соопшти денеска Комората.
Се проценува дека ваквата одлука на Владата е донесена во вистинско време, во моментот кога потрошувачите се снабдиле со потребните количини на сите видови огревно дрво, вклучително и пелети, и кога има одредени вишоци и залихи кај производителите.
Пелетите се уште се бараат во Европа и земјите од регионот, цените се повисоки, а одобрените количини за извоз нема да го загрозат снабдувањето на овој енергенс на српскиот пазар – изјави секретарот на Здружението за енергетика и рударство Љубинко Савиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.