Германската полиција го означи Србинот Д.Ј како сериски крадец кои го поврзуваат со убиствата на Хајдемари К. (77) и Гертраута Н. (89).Тој живее на релација Србија-Германија, а пред еден месец бил во родниот крај и потоа со себе го повел семејството. Секогаш кога доаѓал бил  полн како брод.

– Наголемо трошеше пари! Реновираше две куќи кои му се како вили, по неколку пати. Куќите му се уредени по најнова мода, а тој носеше и мебел од странство. Секој пат доаѓаше од Германија со бесен нов автомобил-вели негов пријател.

Секогаш  му се допаѓал животот на висока нога,на своите забави секогаш ги канел познатите поп пејачи да ги забавуваат неговите гости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.