Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во оставка, Горан Весиќ, денеска изјави дека не е уапсен, туку дека, како што кажа, „доброволно се одзвал на повикот на полицијата“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Дојдовме во Нови Сад и им се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад, напиша Весиќ на својот Фејсбук профил.
Тој додаде дека како и досега ќе им стои на располагање на надлежните органи.
-Ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот, изјави Весиќ.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Меѓу уапсените се министерот за градежништво Горан Весиќ, директорката на Инфарсатруктура на железниците на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Инфарсатруктура на железниците на Србија Небојша Шурлан и помошник на министерот за железнички транспорт Анита Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.