На веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, на Србија (РСЗ) е објавено дека земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван попладнево во Крагуевац.

„Во 19 часот и 25 минути по локално време е регистриран земјотрес во регионот на Крагуевац. Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на V степен по Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСЗ.

Инаку земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.