Вагон на товарен воз што превезувал фосфорна киселина ноќеска излета од шините во близина на Зајечар, во источниот дел на Србија.

Како што соопшти српското МВР, инцидентот се случил на неодамна реконструираната железничка пруга Заечар – Књажевац, нешто по 1 часот по полноќ кога од шините излизгал товарен воз со фосфорна киселина кај селото Вратарница. Полицијата уште посочи дека нема превртување на вагони, оштетени резервоари ниту излевање хемикалија.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а увидот е во тек, соопшти МВР на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.