Во Нови Сад од утрово се во сила силни безбедносни мерки по вчерашните протести кои продолжија и денеска.
Пред судот се претставници и советници на опозицијата Мариника Тепиќ, Борислав Новаковиќ, Павле Грбовиќ, Борко Стефановиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Радивоје Јововиќ, Миран Погачар, Младин Цвијетиќ и други.
Тие во еден момент го развиориле знамето на Србија и направиле човечки синџир пред судот.
Претставникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Ќута за ТВ Нова од Нови Сад изјави дека „ова е воена состојба што ја објави Вучиќ“, алудирајќи на полицискиот кордон лоциран на Стариот Савски мост во Белград.
Неговиот колега од опозицијата Срѓан Миливојевиќ им се обрати на полицајците и рече дека „во четврток ќе почнат да ги читаат имињата на инспекторите кои незаконски апселе граѓани со пиштоли фантомки“.
„Ќе им ги дадеме имињата на партнерите од цивилизираниот свет, не заборавајте дека таквите мерки имаа ефект. Порака за обвинителството – нека си одат сите“, рече тој.
Срѓан Миливојевиќ и другите влегле во судот преку излезната врата и сега се внатре со полиција, пишува порталот 021.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.