Во престрелка што се случи утринава околу 8 часот тешко повреден е наставник од основно училиште во Лукавац, Босна и Херцеговина. Како што е потврдено за Klix.ba, тој бил застрелан од малолетен ученик, кој бил ставен под полициски надзор.
Според првичните информации, наставникот е тешко повреден.
Градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, потврди дека ученикот бил ставен под контрола на полицијата и веднаш бил приведен во полициска станица.
Пронајдено е и оружјето со кое ученикот пукал во професорот.
Неофицијално, се работи за ученик кој поради лошо однесување бил префрлен во друго основно училиште.
Полицијата се уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се прибираат оперативни информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.