Во Основното училиште „Јефимија“ во Обреновац момче изутринава извади пластичен пиштол од ранецот, само еден ден по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
На местото на настанот веднаш реагираше училишниот полицаец. Во првиот разговор со класниот раководител било утврдено дека по едноминутно молчење наставникот ги оставил децата во училницата неколку минути за да се утврди дали сите деца влегле во нивните училници, односно дали се во ходниците на училиштето за да започне наставата. За тоа време овој ученик извадил пластичен пиштол кој му го покажал на друг. Тој другар му го зел пластичниот пиштол најверојатно со намера да го фрли во канта, но трето момче му го зело и почнало да мавта со него низ училницата, пренесуваат српските медиуми.
Децата кои биле во училницата биле преплашени, известен е класниот раководител како и Центарот за социјална работа, а едно од овие момчиња со својот родител било предадено на припадници на МВР кои веднаш реагирале по повикот. .
Сите служби биле известени, полицијата веднаш излегла и го привела момчето, пренесува ТВ Пинк.
Во Србија е прогласена тридневна жалост, а наставата во сите училишта утрово почна со едноминутно молчење, со цел да им се оддаде почит на учениците и на вработените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.