Вечерва нешто по 20 часот во Панама бил убиен водачот на „Кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишуваат медиумите. Според информациите, кои беа потврдени во српското МВР за медиумите, Звицер бил застрелан во изнајмена вила во Панама. Локалните медиуми во централноамериканската држава пишуваат дека тој во моментот на атентатот бил во друштво на неговиот близок соработник, со иницијали Б.М.
Звицер важи за еден од основачите и водачите на „кавачкиот клан“ и еден од најголемите шверцери на кокаин во светот, можеби најголемиот дистрибутер на наркотици од колумбиските картели.
Тој ги предводи членовите на оваа криминална организација од странство и е осомничен дека е вмешан во нарачување убиства.
Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина. Станува збор за одмаздата за продажбата на информации за товар со дрога вреден околу една милијарда евра на ДЕА и ФБИ.
„Новости“ објави дека меѓу пасошите што Звицер ги поседува е и македонскиот.
Според информациите што ги поседуваме Звицер има фалсификувани документи на Македонија, Хрватска и на Украина. Без разлика на кокаинските картели неговото апсење е прашање на денови-пишуваше „Новости“ во мај минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.