Сопственикот, директорот и управителот на сплавот „Фристајлер“ се уапсени поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ, кога oбјектот потона во река во Белград.
Маркос Љ. (52), Драган В.(47) и Марко. Р.(42) се осомничени дека сториле тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“.
Се шпекулира дека кобната ноќ на сплавот, кој има капацитет до 220 луѓе, имало повеќе од 400, а според други искази и до 600 луѓе.
На осомничените им е одреден притвор од 48 часа, по што заедно со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.
Како се случил инцидентот засега само се претпоставува, а надлежните отворено признаа дека на сплавот биле пуштени значително поголем број на луѓе отколку што можел да прими.
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, рече дека, според неговите информации, причина за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати од што требало, а дека понтоните на сплавот не биле со иста издржливост како и претходните.
Шапиќ додаде дека му било кажано дека во инцидентот на сплавот „Фристајлер“ две девојки биле полесно повредени.
Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова, за никогаш повеќе да не се повтори и да одговараат оние кои следниот пат ќе пуштат поголем број луѓе од пропишаното, а ќе треба да пропишеме и да се испита квалитетотот на градбите и да се даде јасен услов колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, ќе има драконски казни, ќе има кривични казни, без разлика дали нешто ќе се случи или не, рече Шапиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.