Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон.
Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец.
Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди за АТВ извор близок до истрагата.
„По убиството на полицаецот, истражителите пронајдоа пораки во кои напаѓачот Елмир С. изјавил дека причините за нападот на полицијата се ‘поддршка на ционистите, желбата за Европската унија, убиства на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ’ (лидер и основач на движењето салафи во БиХ, кој загина во сообраќајна несреќа во Тузла во 2007 година)“, изјави изворот за АТВ. Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.