Ден откако во Сантос беше убиен српски државјанин, наводно близок до „Скалјарскиот клан“ Дарко Гајслер, полицијата во истиот град ставила лисици на маж кој имал хрватски документи на име Дарко Малиќ (42), пренесува Курир.рс.
Според бразилските медиуми, тој бил уапсен на Божиќ, 6 јануари, како еден од водачите на криминалната група која продавала дрога во Сантос.
Според полицијата, агентите отишле во Камино да Капела да пребаруваат и во куќата го пронашле Малиќ.
Спиеше кога агентите упаднаа во имотот. При претресот одземени се околу 190 грама хашиш, мобилен телефон, таблет, пари, вага за прецизно мерење, хрватска лична карта и визит карти на име Дарко Малиќ – наведуваат и додаваат дека при претресот имаше опсада околу куќата.
Според медиумите, Малиќ е приведен, а одземената дрога како и телефонот и таблетот се испратени на вештачење во Кривичниот институт.
Бразилските медиуми се уште не наведуваат дали апсењето на Малиќ има врска со ликвидацијата на Дарко Гајслер од Панчевиќ, кој ноќта пред апсењето на хрватскиот државјанин беше ликвидиран пред очите на сопругата и детето.
Гајслер, чие презиме порано беше Недељковиќ и за кого не се знаеше ништо 10 години, во моментот на убиството со себе имал фалсификувани документи од Словенија на име Дејан Ковач.
Да потсетиме, напаѓачот го начекал во близина на куќата и го застрелал во грб во моментот кога тој ја отворал капијата за да влезе во зградата со сопругата и синот каде според соседите живеел последниот четири години.
Инаку, Црна Гора по него распишала потерница во 2014 година поради сомнение дека учествувал во убиството на Андрија Мрдак, пред капијата на затворот Спуж во Подгорица. Мрдак, како и Гајслер, бил убиен пред очите на неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.