Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ откри многу необјавени приказни во штотуку објавените  мемоари.

Месиќ, кој има 89 години, открива низа непознати детали за создавањето на ХДЗ, распадот на Југославија, но и бројни настани во Хрватска кога стана шеф на државата.

Toj пишува дека хрватскиот претседател Фрањо Туѓман во младоста бил вработен во Министерството за одбрана на НДХ. Кога стана (прв) претседател на Хрватска, за реновирање на неговиот стан од 300 квадрати биле потрошени 1,5 милиони марки – повеќе од вредноста на вилата.

Oткрива и дека Туѓман додека бил во затвор мислел на самоубиство и дека неговата сопруга Анкица барала „соодветен Србин“ кој ќе интервенира за да го ослободи.

Во прилог беше медицинска документација за менталните нарушувања на Фрањо Туѓман, а лекарското уверение подоцна мистериозно исчезна бидејќи ќе беше крајно непријатно доколку идниот шеф на државата Туѓман беше подложен на невропсихијатрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.