Црвен метео аларм е активиран во земјите од регионот, поради високите дневни температури кои се блиску до 40 Целзиусови степени.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување за високи температури во цела Србија. Највисоките прогнозирани дневни температури се до 37 степени, а продолжување на топлотниот бран се очекува во среда, кога локално се прогнозираат температурите до 40 степени.

Црвен метеоаларм e издаден поради топлотен бран во четири хрватски региони – Книн, Риека, Сплит и Дубровник.

Портокалова тревога е во сила за регионот Осиек поради горештините.

Жолтиот аларм е во сила за Загреб, Госпиќ и Карловац, како поради горештините, така и поради можното невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.