Се запали и целосно изгоре автобус на босанско-херцеговскиот превозник „Кантиќ“, кој сообраќал на релација Сараево-Франкфурт. Инцидентот се случи вечерва нешто по полноќ на автопатот во Словенија на делницата од Обрежје кон Љубљана.

АТВ од Бања Лука јавува дека сите патници и возачите излегле од автобусот навреме и дека за среќа нема повредени.

Се наведува дека сообраќајот на таа делница бил во прекин до 01:30 часот, а пожарникарите го изгаснале пожарот и го обезбедувале местото на несреќата.

Во оваа сообраќајна несреќа е причинета поголема материјална штета, бидејќи автобусот е целосно уништен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.