Бугарката Ружа Игнатова може да се нарече измамничка на векот. Харизматична бизнисменка од Бугарија измамила милиони луѓе ширум светот од речиси 4 милијарди долари со лажната криптовалута „OneCoin“.

Живееше навистина раскошно, од прослава на својот роденден во легендарниот V&A (Музејот на Викторија и Алберт) со настап на Том Џонс до поседување неколку имоти во Софија, Бугарија и Созопол, таа живеше како кралица.

Не се знае каде се крие Ружа Игњатова, но пребегнатата крипто кралица се откри со оглас за скапи недвижнини. Се претпоставува дека е во Дубаи каде го има променето идентитетот. Има 43 години.

Нејзиниот луксузен пентхаус од 12,5 милиони фунти (14,2 милиони евра) беше ставен на продажба, а според новите правила за транспарентност во Велика Британија, таа мораше да биде откриена како сопственик.

Но, основачот на измамничката компанија „OneCoin“ не е виден пет години и моментално е на листата на 10-те најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ).
Исчезна на 25 октомври 2017 година, откако доби информација дека интензивна полициска истрага за нејзината измама во Софија.

Компанијата „OneCoin“ е основана во 2014 година и ги има направено најголемите познати измами со виртуелни валути, а ФБИ проценува дека ги оштетила жртвите за четири милијарди долари.

Само во Велика Британија, инвеститорите изгубиле повеќе од 100 милиони фунти (114 милиони евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.