Американскиот туристички портал „Трипeдвајзер“ го награди Националниот парк Плитвички Езера во Хрватска, сместувајќи го, преку избор на читателите, во категоријата топ-атракции.

Врз основа на годишните прегледи на интернет-страницата, „Наградите по избор на патниците“ ги одредуваат најдобрите места за патувања. Со ова, Националниот парк е во првиот еден отсто од местата за посета во светот, се додава во објавата.

„Трипeдвајзер“ е интернет-портал за патувања и совети за корисници кои планираат одмор. Има неколку стотици милиони посетители месечно, а нуди информации за хотели и други сместувања, ресторани, како и туристички и културни знаменитости од целиот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.